Познатата улица покрај морето во Солун каде Македонците обично пијат кафе сега ќе има повеќе простор за велосипедистите.
Како што пишува на фејсбук профилот “На Точак“ , од улицате е одземена една автомобилска лента и пренаменета е во две велосипедски ленти.
“POP Up велосипедска лента и во Солун!
Од познатата крајобална улица Солун одзема една автомобилска лента и ја пренаменува во 2 велосипедски ленти.
Сега патеката покрај морето ќе биде целосно за пешаци и нема да си сметаат едни со други велосипедистите и пешаците.
До распределбата на просторот е.
Таа мора да биде поправична.
Солун е град каде има повеќе пешачки зони и тие и тротоарите навистина се слободни од автомобили, за разлика од Скопје.
Но сепак, тротоарите знаат да се тесни, велосипедски патеки има многу малку и доминираат автомобили во градската слика.
Затоа, ова е значајна промена напред.
Највредните градски простори (покрај реки, езера, море) мора да се простори за луѓе, а не автоцентрични“ – пишува на Фејсбук профилот “На Точак“