Од почетокот на руската инвазија на Украина, околу 200 руски тенкови Т-72Б3 паднаа во рацете на украинската армија. Овој тенк, произведен од Уралвагонзавод од Нижни Тагил, е еден од поновите руски тенкови.
Со овој модел на тенк, за разлика од на пример T-64BV, T-80U или T-72AMT, Украинците немаат големо искуство. Кога локалните експерти наишле на проблеми кои не можеле веднаш да ги решат, украинскиот тенкист со прекар Кочевник решил да ја повика техничката поддршка на Уралвагонзавод.
Снимката од повикот на Кочевник објави Милитарњи, украински канал кој емитува вести за војната.
Кочевник служи во 54-та механизирана бригада на украинската армија, која се бори околу Краматорск во источна Украина и користи претежно опрема од советската ера, вклучувајќи тенкови Т-64 и борбени возила БМП. Таа поседува и дел од заробените руски тенкови Т-72Б3, пишува Форбс.
Кочевник најмногу ги трола Русите, но неговите замерки за тенкот тежок 45 тони за тројца членови на екипажот, беа реални. Од резервоарот течело масло, компресорите не работеле, а електричниот механизам за вртење на куполата откажувал, поради што екипажот бил принуден рачно да ја ротира куполата.
Иако секој тенк може да биде расипан, оваа листа на дефекти може да укаже на неконзистентно производство во фабриките на Уралвагонзавод.
Русинот кој се претставил како Александар Анатолиевич, кој очигледно не знаел дека Кочевник е украински војник, ветил дека ќе испрати список со проблеми до проектната канцеларија во Нижни Тагил, а исто така ќе контактира со производителот на мотори во Челјабинск.
На Кочевник не му било доста од тролање. Тој стигнал и до Андреј Абакумов, директор на Уралвагонзавод. Абакумов побарал од Кочевник да му испрати детален опис на проблемот на WhatsApp.
Тогаш Кочевник конечно открил дека е Украинец и дека украинската армија го зазела проблематичниот тенк минатата година во близина на Изум.
„Ви благодарам многу. Внимавајте. Слава за Украина“, рече тој. Смеејќи се, Кочевник го заврши разговорот.