Сестрите Кардашијан често се на мета на потсмев поради фотошоп грешките на објавените фотографии. Последна жртва е Кортни Кардашијан поради грешките на провокативните фотографии што ги објави за новиот нејзин проект наречен, “Poosh“.
Веќе од прв поглед се приметува дека нешто не е во ред со нејзината лева нога. Таа изгледа многу потанко од десната, а и недостасува и горниот дел од бутот. Ако се погледа внимателно фотографијата ќе се уочи и чудната брадавица на зглобот на нејзината десна рака.
Поради овие киксеви најстарата Кардашијанка беше исмејана на социјалните мрежи.