Српскиот претседател Александар Вучиќ го прими во официјална посета шпанскиот премиер Педро Санчез, за кого меѓу другото приреди специјална вечера придружена со жива музика.
Не требаше многу време социјалните мрежи да почнат да се шегуваат дека Вучиќ се обидел да го заведе гостинот од Шпанија.
Српскиот лидер на Инстаграм откри дека пејачката Јелена Томашевиќ настапила на вечерата и ја отпеала шпанската песна „Un año de amor“ (Година на љубовта). Во една сцена Вучиќ и Санчез полека минуваат покрај дрвена куќа со ноќни светилки, а во позадина се слуша прекрасниот глас на познатата пејачка, која ја претставуваше Србија на Евровизија 2008 година.
This Is What Unrequited Love Looks Like pic.twitter.com/AOEz07vCAE
— Le Chou News (@LeChouNews) July 30, 2022
Романтичната атмосфера во видеото ги поттикна корисниците на социјалните мрежи да се пошегуваат на нивна сметка, тврдејќи дека Вучиќ се обидел да го заведе Санчез.
LeChou News, сатиричниот дел на бриселскиот весник на англиски јазик, Brussels Times, беше првиот што даде таков сатиричен коментар на Твитер.
-Вака изгледа невозвратената љубов, коментираат Белгијците.