Србин од Ниш по име Никола Петровиќ на социјалните мрежи откри што му се случило во близина на Тетово, кога му се дупнала гума на неговиот автомобил, за веднаш потоа да биде пријатно изненаден од гостопримливите Албанци кои му помогнале.
-Искушенијата се составен дел од патувањето. Некој шраф ми ја скина гумата до Тетово, а во недела не работат вулканизерите на патот. Додека го извадив помошното тркало, 10 луѓе (од кои 9 Албанци) застанаа да ме прашаат дали ми треба помош. Еден му се јави на својот познаник, вулканизер кој живее и работи во блиското село, кој седна во колата, ми го симна и ми го зема тркалото, го врати и го монтираше по 15 минути. Побара 10 евра за услугата ако имам и ме викна на кафе. Сакам да верувам дека некој со ТЕ таблички што се нашол во неволја некаде во близина на Ниш ќе се однесувал како јас денес – напиша Петровиќ на Фејсбук.