Македонската кошаркарска легенда Перо Антиќ е доста активен на социјалните мрежи. На една од последните негови објави на Инстаграм, Антиќ покажа фотографија сликана пред пет години во Истанбул каде што во тој период настапуваше таму.
На неа, Перо е во еден турски ресторан во европскиот дел на Истанбул, а друштво му прават сопругот на Јелена Карлеуша, српскиот фудбалски репрезентативец Душко Тошиќ и неговиот сонародник кој тогаш играше за турскиот Фенербахче, Лазар Марковиќ.