На Меѓународниот аеродром во Скопје деновиве има специјален гостин – терапевтското куче Дино.
Доколку се плашите од летање, златниот ретривер ќе ве релаксира пред вашиот лет и ќе го направи вашето патување помалку стресно.
Бројните посетители го галат Дино и си играат со него, а фотографии од овие моменти се објавени на социјалните мрежи на скопскиот аеродром.