Една од наследничките на истакната италијанска јувелирска династија „Булгари“, Ана Калисони Булгари почина во петокот во градот Априлија во близина на Рим на 93-годишна возраст, потврди денеска портпаролката на семејството.
Името на Ана Буглари ги наполни насловните страни на весникот во 1983 година кога таа и Џорџи, нејзиниот син, кој тогаш беше тинејџер, беа киднапирани.
Киднаперите ги држеа во заробеништво со недели, пред да ги ослободат откако беше платена откупнината.
Медиумите во Италија потсетуваат дека киднаперите тогаш отсекле дел од увото на момчето и го испратија до семејството Булгари со цел да ги исплашат и да ги принудат да ја платат откупнината што е можно поскоро.
Ана Булгари живееше доста осамена по тој трауматски настан. Нејзиниот покоен сопруг беше градоначалник на Априлија.
Инаку, италијанската компанија за накит Булгари беше купена во 2011 година од француската компанија „ЛВМХ“.