Балканските портали излегоа со една интересна сторија за Северина, повторно поврзана со бракот со Игор Којиќ. Иако се заедно веќе пет години, медиумите не престануваат да шпекулираат дека меѓу нив е се готово, дека се разделуваат но најчесто се покажува дека приказните се без основа.
Најновиот трач од српските медиуми е дека нивниот брак е повторно во криза. Наводно, Којиќ многу се карале поради финасии и поради тоа што тој не придонесува за нивниот живот туку живее на нејзиниот грб, па наводно го избракала од домот.
Истовремено, извор за хрватските медиуми откри дека Северина многу често чека такси пред зградата во Загреб каде што живее нејзиниот сопруг. Една сосетка дури открива дека Северина и Игор се скарале на скалите во зградата каде што живее пејачката. Таа вели дека наводно на Северина и пречи што таа мора да му купува карти кога некаде патува бидејќи фудбалскиот менаџер не заработува.
-Често му префрлува што таа мора да го финансира. На скалите се слушаше како Северина му вели: „Па, до кога мислиш да ти плаќам се, не можеш авионска карта да си купиш, и тоа морам да ти плаќам“. Тој молчеше и не и враќаше – тврди сосетката на Северина.
Инаку, на почетокот од бракот парот живееше разделно, односно на релација Белград- Загреб или Белград – Сплит.
За потсетување, Северина неодамна имаше настап на „Роштиљада“, а покрај неа цело време беше нејзинот сопруг.
Во врска со најновите пишувања пејачката досега не се огласи.