Поранешниот директор на Драмски театар – Скопје, Сашо Тасевски се огласи по повод најновите случувања и промена на имињата на чилиштата. Тој вели дека и до таму се отидени шо и на Бубамара бараат награди.
“Апетитот само ќе расте и ќе расте. Полека ќе ги менуваат сите топоними, не само на училиштата. Државата веќе се редефинира во полн ек.
Работата е што простичките богобојажливи и глупи Македонци тоа со години го гледаат со очи широко затворени и го оправдуваат со некои празни приказни за соживот. Не постои такво нешто. Не на Балканот. Никогаш не постоело. До таму се отидени што и на факинг Бубамара бараат награди по етнички клуч. За правична етничка застапеност. И тоа за награди кои не се парично поткрепени. Е до таму се отидени.
А вие лигајци од ен-џи- о и вие проевропејци напикани во СДСМ, толку не гледате дека подмочуваат и обележуваат територии на секој чекор? Дека влегуваат каде стигнат? Толку сте слепи? Знаете тоа каде води? Ќе ви ја земат секоја педа кога ќе чукне часот на поделбата и кантонизацијата.. . Или како и да ќе го наречат тоа вашите другарчиња од ЕУ и САД.
Не е ова националистичка објава, не се трудете да ја коментирате како таква. Кој ме знае, дали бил Албанец или Марсовец, знае дека не е. Ова е апел да сопрете и да ги отворите очите. А доколку свесно го дозволувате ова, ќе платите страотна цена и секој од вас поединечно и сите ние со вас колективно. Глупаци сте жедни за власт, ништо друго.
Пред нос, дома, ви никнуваат разни партии финансирани од соседни држави кои не и мислат добро на оваа држава, кои сега ќе излезат на изборите и ќе влезат во парламентот, а вие се кезите во духот на новите европски вредности, чунким едно семејство сме, гс и гаќи со секого. Не сте ни свесни во каква драма набрзо ќе го турнете македонскиот народ. Политички проститутки, тоа сте вие“ напиша Тасевски на својот Фејсбук профил.