Според анализта на германскиот воен експерт Карло Масала, во моментов рускиот претседател Владимир Путин нема многу грижи, бидејќи во продолжението на војната неговата војска повеќе победува отколку што губи.
– На него добро му оди. Затоа нема мотивација да попушти во преговорите – вели експертот.
Украинскиот претседател Володомир Зеленски, минатата недела соопшти дека Украина дневно губи од 50 до 100 војници. Според проценките објавени во „Гардијан“, бранителите на Донбас досега имаат повеќе од 30.000 загинати и ранети војници, па прашање е уште колку ќе бидат во состојба да издржат. Од друга страна, руските сили со приближувањето на фронтот со Северодоњецк, заземаа повеќе територија од отколку во воените напори преземени во текот на претходниот месец.