Пејачката и дизајнерка Ријана позната е и по својот специфичен стил на облекување со кој на многумина им е моден пример. Пејачката од Барбадос неодамна е видена пред еден ресторан во Санта Моника во бело издание со кое постави нови дефиниции во елеганцијата.
Имено, таа беше облечена во неколку броеви поголема кошула и широки панталони, комбинација која ретко која жена ќе се обиде да ја облече. Но, кај Ријана се тоа беше одлично искомбинирано, со бели потпетици и бела рачна торба, а на главата имаше ситни плетенки кои одлично и стоеја.