Поранешната југословенската преставничка нa Евровизија, српската пејачка Беби Дол побегнала од станот на Врачар затоа што не платила кирија четири месеци, пишуваат српските медиуми. Извор близок на Беби Дол за „Ало.рс“ тврди дека преку ноќ побегнала од станот бидејќи немала пари за кирија.
„Не му плати четири месеци, а тој само еднаш и се јави и ја праша што се случува. Таа му одговори дека очекува пари и да ја почека еден месец, па ќе му ги плати сите задоцнети кирии. Помина и тој рок, но Беби не се јави. Човекот се обиде да ја добие на телефон,но таа беше недостапна. Кога дојде во станот затекна се празно, па преку пријателите успеа да контактира со пејачката. Таа почна да плаче, да му се извинува, му кажа дека се срами, дека нема пари, но во прва прилика ќе го плати заостанатиот долг“ вели извор и додава:
„Месечната кирија за станот каде што живееше пејачката е 220 евра што значи дека му должи 880 евра. Исто така има долг од 30 000 динари за неплатени сметки. Сопственикот на станот нема да ја пријави ниту тужи бидејќи верува дека пејачката ќе го плати долгот“, вели изворот.
Инаку, лани Беби Дол поради неплатена кирија била избркана од станот.