Владимир Путин за време на говорот не можел да ги смири сопствените нозе, а видеото од неговиот говор пред тинејџерите брзо се прошири на социјалните мрежи.
Путин се држел за столчето, додека нозете постојано му се треселе за време на неговиот говор пред тинејџерите.
Јавноста му поставува разни дијагнози поради снимката на која изгледа лошо и се однеесува чудно, а воедно и поради непотврдените гласини за неговата здравствена состојба која Кремљ очекувано ја порекнува.
Рускиот претседател, кој со месеци ги игнорираше гласините за неговото здравје, поцрвенел додека зборувал на сцената откако летал повеќе од осум часа од Москва до Камчатка.
Се чини дека Путин не можел да спречи да му се тресат нозете пред толпата руски ученици.
Не е познато дали ова е симптом на болест, но треба да се напомене дека таканаречениот синдром на немирни нозе е релативно често невролошко нарушување кое може да биде последица на Паркинсонова болест.