Поминаа речиси 23 години од смртта на принцезата Дајана, а неодамна се случила една непријатна ситуација кога принцот Вилијам го посетил гробот на неговата мајка, пишува „Глобе“.
Имено, според зборовите на анонимен извор, принцот Вилијам неодамна бил на гробот на принцезата Дајана, па наводно добил напад на паника и започнал отженато да дише. Кога Кејт видела дека на сопругот не му е добро, веднаш го прегрнала.
„Вилијам беше неутешен поради тоа што неговите деца никогаш нема да ја запознаат неговата мајка“, објасни изворот, па откако војвотката видела дека принцот колабирал наводно го повикала обезбедувањето во помош.
„Само Кејт успеа да го убеди да посети една приватна клиника во близина“ тврди изворот.
Спомнатиот медиум тврди дека тој ден Вилијам останал во болница додека неговата сопруга била покрај него.