“НА ПОТЕГ Е ВЛАДАТА“: Петар Богојески се пофали дека обезбедил пет милиони вакцини за Македонија

by Тони Зографски

 Лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески со статус на Фејсбук вчера најави дека со посредство на дипломатски канали и преку неговите врски успеал да обезбеди пет милиони вакцини од производителот АстраЗенека од Велика Британија.

“Обезбедени вакцини за Македонија!

Должност на секој од нас е да помогне на татковината кога и е најтешко!
Мачнина ми паѓа кога гледам на каков срам и измачување, потсмев и омаловажување е изложен нашиот народ! Затоа се вложив себе си и своите пријатели од меѓународната заедница, да помогнеме и да обезбедиме вакцини за нашите граѓани.
Вакцините се обезбедени!!!
Во моментов додека го пишувам овој статус, на располагање ни стојат до 5 милиони вакцини од Астра Зенека од Велика Британија, кои може да бидат испорачани во Македонија за еден ден, откако нашата Влада ќе направи нарачка!
Моето е сторено!
Вакцините се најдени и обезбедени!
Сега на потег е Владата. Ќе и бидат ставени на располагање сите потребни информации… да ги донесеме вакцините и да започнеме со најмасовната вакцинација од сите земји во светот и да дојдеме на прво место!

Сега не е време за плукање и обвинување, туку секој од нас да помогне колку може! Да си го спасиме народот од болеста! После можеме да се плукаме колку сакаме!“ напиша Богојески на својот Фејсбук профил.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com