Иги Азалеа ги вознемири саудиските власти во петокот вечерта за време на концертот во Ријад, кој беше прекинат откако и се скинаа панталоните на сцената.
Меѓутоа, 33-годишната раперка сега тврди дека не се работи за модна несреќа, туку дека со овој чин испратила порака за зајакнување на жените и со тоа ја принудила полицијата предвреме да го прекине концертот.
Раперката на концертот тверкаше на нејзините бројни хитови исполнети со вулгарности, кои ги изведе без цензура, а во еден момент нејзините тесни панталони од латекс целосно се распукаа.
https://twitter.com/i/status/1695386319294198055
Иги потоа седна на сцената и се обиде да ја прикрие несреќата, повикувајќи ја својата придружба да и донесе тренерка за да може да се покрие. Интересно, во моментот на инцидентот свиреше ремикс на феминистичката химна на Шер, „Woman’s World“.
Раперката успеала да изведе уште неколку песни пред полицијата да го прекине настапот. Таа подоцна се огласи на Х (до неодамна позната како Твитер) за инцидентот и им кажа на фановите, а потоа тврдеше дека концертот е откажан поради нејзината феминистичка порака.
„Многу ми е жал што не ми дозволија да го завршам настапот (…) Властите не ни дозволија затоа што ми пукнаа панталоните“, објасни таа.
Саудиска Арабија има строги закони за пристојност во јавност, што вклучува и скромно облекување.