Францускиот дизајнер Лусијан Пела-Фајн (78) се удавил на плажа во североисточната бразилска држава Баија во понеделникот, потврди неговото семејство на неговиот Инстаграм, пишува Дејли мејл.
Пела-Фајн, познат како „Кралот на кашмирот“, бил домаќин на семејна скара во неговиот дом во Транкоз, туристичка област во градот Порто Сегуро, а потоа отишол да плива на плажата Итакуера.
Двајца тинејџери сурфале и го виделе како се бори да остане на површината и се обиделе да го спасат со своите даски за сурфање пред да се удави, според бразилската новинска агенција G1.
Телото на Французинот било пронајдено неколку часа подоцна во близина на област популарна кај сурферите.
„Со голема тага ве известувам за несреќната смрт на Лусијан Пел-Фајн, попладнево во Транкоз“, објавила неговата внука Камил Дочез.
„Тој тогаш беше во друштво на семејството и драгите пријатели. За деталите од церемонијата на збогување ќе ве информирам во догледно време.“