Двајца Бугари се уапсени во Грција поради сомневање дека ги терале своите малолетни деца да крадат од туристите на плажата во Ставрос – пишуваат грчките медиуми.
Апсењето се случило пред два дена. Бугарите ги терале своите две деца од 12 години прво да следат кои од туристите на плажата во Ставрос не пазат на своите работи, а потоа од торбите краделе пари и други вредни работи.
Кога грабежот бил откриен, полицијата бргу реагирала и двајцата Бугари биле уапсени – пишува Thestival.gr.