Eпидемиологот Бранислав Тиодоровиќ кој е член на медицинскиот дел на Кризниот штабв о Србија денес оцени дека последната промена во мерките не е концесија, туку усогласување на мерките со животот. Тој процени дека во моментов нема простор за отстапки од неколку дена.
– Се наоѓаме во вонредна ситуација, болничките установи и амбулантите се пренатрупани. Затоа сме на пат да ја процениме ситуацијата како катастрофална – рече Тиодоровиќ за ТВ Прва.
Тој додаде дека е време решително да се справиме со проблемот, затоа што во ковид болниците има можеби најголем притисок досега.
– Ако еден месец, месец и половина, ги спроведуваа мерките во целост, со силна контрола и покриеност, ќе беше поинаква ситуација. Би имале само спорадични случаи, не како сега – верува тој.
Тиодоровиќ додаде дека доколку се спроведат мерките, состојбата може да биде подобра до почетокот на летото, така што треба да се размисли и за одмор.
За отворање на угостителски објекти и трговски центри ќе се дискутира доколку бројот на позитивни и болни лица почне да се намалува во наредните денови, па болниците се малку олеснети.
– Можно е доколку се почитуваат мерките до крај, да имаме подобра состојба до следната недела, за да можеме да предвидиме кога можат да функционираат угостителските објекти и трговските центри – рече тој и посочи дека треба да се вакциниртаат многу повеќе за да постигнеме колективен имунитет од 60-70 проценти