“НА ОЛИМПИЈАДАТА ГИ ПОТРОШИВМЕ СИТЕ КОНДОМИ“: Го бркаше Ѓоковиќ во Лондон, а остана запаметена по една изјава (ФОТО)

by Тони Зографски

Парагвајската атлетичарка Лерин Франко постигна одлични резултати во текот на кариерата, а се прослави во светот пред сè поради атрактивниот физички изглед, но и изјавите кои ја заинтересираа јавноста.

Учесничката на Олимписките игри (ОИ) во Пекинг и Лондон откри неколку години подоцна интересни детали од олимпиското село.

Таа e позната и поради тоа што постојано го следеше Новак Ѓоковиќ за кого кажа дека е нејзин омилен спортист.

Исто така, ја возбуди јавноста кога призна дека сите кондоми ги потрошила за време на Олимписките игри.

„Сè видов и доживеав. Моите другарки едвај чекаа да заврши натпреварувањето за да ги потрошат сите кондоми кои ги добија. Никој од нив не размислуваше за резултатите. Исто беше и со мене, не ми остана ниту еден кондом“, кажа убавата атлетичарка.

Лерин по завршената спортска кариера реши да се посвети на спортското новинарство на една локална телевизија, а може да се забележи дека сè уште е во врвна форма.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com