Еден од најголемите руски спортисти, Роман Костомаров (46). е во лоша здравствена состојба, бидејќи за само неколку дена му беа ампутирани двете нозе, а потоа и двете раце. Олимпискиот, светски и европски шампион во уметничко лизгање се бори за живот, објави „Еуроспорт“.
Костомаров на почетокот на оваа година беше примен на интензивна нега бидејќи беше заразен со коронавирусот, а ситуацијата станала многу посложена. Имал тешко воспаление на белите дробови, а потоа се појавила гангрена, за која лекарите морале итно да постапат за Русинот да има какви било шанси да преживее.
Ткивото во стапалата прво му скапало поради нарушувања на циркулацијата, а сега му се ампутирани двете раце, за да се спречи ширење на бактерии и смрт на други делови од телото, ја пренесува „Еуроспорт“ тешката вест за еден од најголемите руски спортисти.
Костомаров освои златен медал на Зимските олимписки игри во Торино, во 2006 година, кога настапи во парови со Татјана Навка, а потоа заедно беа двократни победници на Светските и трикратните на Европските првенства. Настапуваше и со Ана Семеновиќ и Екатерина Давидова, а одамна се повлече од спортот, но остана активен како коментатор во уметничко лизгање.