Мелиса Пуерто тврди дека нејзиното минато ја подготвило да биде подобра сопруга и мајка. Четири години откако останала без работата како наставничка го запознала својот сопруг. Една година подоцна го родила својот син, а моментално по втор пат е бремена. Работата како стриптизерка и проститутка го “платила“ нејзиното образование, но и како што вели таа, ѝ дало важна лекција.
„Мајчинството и сексуалната работа се двете најтешки работи со кои една жена може да се занимава. Начинот на кој мајките и сексуалните работнички се приморани да молчат за своите проблеми значително ги отежнува работите“ – рекла таа.
Како сексуална работничка таа била платена да извршува емоционални работи за кои од жените се очекува да ги прават бесплатно – мажите често ѝ плаќале да седи со нив и да разговара за нивните животни проблеми. Поради тоа, кога подоцна го запознала својот сопруг веќе била изморена од тоа потребите на мажите да ги става пред своите.
„Сакав некој кој е подготвен исто да вложува во врската колку и јас. Тоа го најдов во мојот сопруг. Тоа што од старт знаев што сакам од бракот многу го олеснуваше нашиот однос. Со него првпат почувствував социјална прифатеност, но мајчинството ми покажа дека сум била во заблуда“ – вели Мелиса.
Пред да го роди својот син, мајчичнството го замислувала како нешто што е лесно и природно, но следело секојдневие кое е полно со обврски, проблеми и несоници. Работата во сексуалната индустрија, како што тврди таа, ја научила со сите предизвици да се соочи со насмевка.
„Научив да бидам енергична. Можев истовремено да перам алишта, да го хранам бебето, да чистам, а сето тоа го правев со насмевка. Јас сум добра мајка, благодарение на мојата претходна професија“ – заклучила таа.