Наоми Кемпбел има голем проблем со опаѓањето на косата како резултат на долгогодишното третирање со различни препарати.
Имено, таа на Инстаграм објави фотографија каде е речиси келава. Косата и опаѓа во кругови на главата и глетката не е воопшто наивна.
Инаку, Наоми беше една од најпознатите модели во 90-тите, но и натаму е со одличен изглед. Таа уште минатата година призна дека носи перики, а сега дојде моментот кога реши на фановите да им сподели како навистина изгледа, без вештачки влакна на главата. Бујната коса беше нејзиниот заштитен знак, но Наоми не се срами од она што ја снајде, па проблемот се обиде да го реши со перики.