На годинашното издание на модната недела во Тел Авив што почна на 11 март, се претстави и славниот дизајнер Банахот со новата колекција костими за капење, кој на модната писта испрати жени и мажи од сите облици и големини, покажувајќи дека сите се секси, без дискриминација и притисок да се има „совршено тело“.
Израелскиот дизајнер се приклучи кон листата светски имиња кои покажаа диверзитет на модната писта.
На сцената дефилираше и ланската победничка на Евровизија, Израелката Нета Барзилаи, облечена во светложолт костим за капење.