Отако поранешниот директор на АЕК Роберт Орданоски реши својата одлука за развод и причините за тоа да го сподели со јавноста пишувајќи на Фејсбук дека неговата сопруга Агнеса сака да го напушти затоа што, според него, “се оладила бидејќи не е веќе директор и не може да и ги исполнува финансиските барања…“ со поддрша на неговиот пост на Фејсбук се јави и неговата мајка, Радмила Орданоска, која напиша:
“ Боби, ти посакувам се надобро. Да се справиш со сите проблеми на надобар начин. Со тебе сум јас, твојата мајка и твојот брат, многу работа издржа за овие години и на работа и дома. Мораш да бидеш јак бидејќи ти си син на прави интелектуалци, мајка професор по книжевност со македонски и словенски јазици, таткоти 25 години судија кој неодамна почина а јас како професор кој не дозволи ниедна четворка да немате за време на вашето школување.
Завршивте во најдобра гимназија во Скопје со многу натпревари по математика и Електротехнички факултет, групоа КТИА, насока компјутерска техника, информатика и автоматика. На моја жалост мојот помлад син не е вработен а тебе те малтретираат. Заклучок, на нашата држава не и требаат интелектуалци. Така Боби треба да си горд што сите во твојата фамилија се интелектуалци, се со високо образование ама на жалост твојот татко почина а јас се справувам со проблеми…“