Протоколот за тоа како ќе функционираат кафулињата и угостителските објекти е готов и даден на разгледување кај претставници на Стопанската комора -пишува Слободен печат. Според него, во таквите објекти ќе може да седат најмногу до четворица, меѓу масите ќе мора да има растојание. На почеток најверојатно ќе бидат отворени само летните тераси од угостителските обекти а ќе мора да има и задолжителен редар.
Моделот што ќе го користиме за функционирање на угостителските објекти не е сличен на оној од соседството каде само членови на исто семејство ќе може да уживаат во заедничко кафе или ручек.
Кај нас ќе може на иста маса да седат луѓе од различни семејства, односно пријатели, познаници и нема да се проверува дали се од исто домаќинство како што тоа се прави во странство.
За старт, само летните тераси ќе може да бидат отворени.
Најверојатно, ќе има рестрикција и за работното време на кафулињата, односно, како што дознаваме тие е предложено да работат до 18 часот.
Се споменуваат 11 мај како евентуален датум за старт, но оваа недела ќе се одлучи на владина седница.