Иако се близначки, пејачките Маријана и Росана прославија родендени во два различни дена. Маријана вчера, а Росана денес.
„Интересно, но вистинито. Поради временската разлика Австралија- Македонија, на сестра ми и беше роденден вчера, а мене ми е денес“, раскажа Росана.
Близанчките се разделени веќе долги години, откако Маријана живее во Австралија. Пред петнаесет години тие настапија на еден фестивал со песна симболично наречена „Ајде сестро да запееме“. Маријана последен пат беше во Македонија пред две години, на свадбата на ќерката на Росана и на актерот Ѓорѓи Тодоровски- Трупче, Ивана.