На Макрон му удрија шлаканица (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Претседателот на Франција, Емануел Макрон беше удрен по лицето од маж за време на официјална посета на Дром, регион во југоисточна Франција.

Според видеото кое се рашири на социјалните мрежи, Макрон се приближува до ограда зад која стојат луѓе, кога еден од присутните го фати за рака и потоа му удри шлаканица.

Обезбедувањето веднаш го тргна Макрон настрана, а двајца се уапсени во врска со инцидентот, според француските медиуми. Кога човекот му удри шлаканица на францускиот претседател, се слушна извик „Долу Макронизмот’.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com