Телевизиската личност, Џесика Алвес (41) ги предупредува сите што може да се случи ако ви се растворат филерите за лице, откако останала со десет сантиметри дополнителна „гумена“ кожа на образите.
Таа тврди дека растворањето на дермалните филери и оставило толку многу опуштена кожа околу лицето што можела да ја штипка и да ја истегне како да е направена од гума,пишува Дејли Меил.
Џесика, која потрошила повеќе од милион евра на преку 100 различни процедури, отпатувала во Турција за да ги раствори старите филери со надеж дека ќе постигне поприроден изглед на нејзиното лице. Но, по постапката се соочила со неочекувани последици.
– Да си го штипнам образот, во раката ќе ми останат десет сантиметри. Кожата беше многу еластична, како гума, па докторот успеа да ми отстрани пет сантиметри од кожата – открива оваа жена и ги предупредува помладите генерации дека постапката не го спречува стареењето, туку дека, напротив, луѓето изгледаат уште постаро: – Повеќето од нас жените што почнавме да ставаме филери на лицето пред 20 години, сето тоа сега го раствораме. Овие филери, оваа хијалуронска киселина не прават да изгледаме помлади. Тоа всушност прави да изгледаме постари. Ни дава тркалезно надуено лице.
Таа истакнува дека повеќето од познатите жени кои користат исти филери се на слична возраст со неа, па ги набројува Ким Кардашијан која има 44 години, Кристина Агилера (41) и други и тврди дека сите почнале во исто време , пред околу 20 години да инјектираат средства во кожата, како метода за анти-стареење.
– Но, она што го прави е тоа што со текот на времето ни го отекува лицето и го деформира – заклучува Алвес.
Џесика откри дека отишла во одморалиште во Турција за да посети пластичен хирург за да ѝ ги отстрани филерите, но веќе следниот ден морала да направи „коњско опавче“ – минимално инвазивна козметичка процедура која ја затегнува кожата на лицето и вратот, што користи спојници во линијата на косата.
Џесика рече дека сега е „супер среќна“ и дека не планира повеќе да прави пластична операција во иднина. Така, таа го завршила својот последен круг од операции – лифт на лицето, усните и вратот, процедура која ја започнала на 7-ми февруари. Таа открива дека троши повеќе од 10.000 евра месечно на ботокс, филери и разни други козметички процедури во обид да постигне младешки изглед.
– Секоја недела сум на различна клиника во Лондон која ги има најновите терапии за подобрување на мојата кожа и враќање на природниот процес на стареење и, колку и да функционираат сите овие процедури, тие не се постојани – заклучува оваа ТВ ѕвезда.