Рестрикциите во регионот попуштаат паралелно со вакцинирањето на населението. На 14 мајГрцијаќе ги отвори границите за туристите. Тие на влезот ќе треба да покажат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или потврда дека се вакцинирани, без разлика со која вакцина.
Денеска властите во Словенија дозволија влез во земјата за оние кои се вакцинирани и со вакцините кои не се одборени од ЕМА, како што се „Спутник“, „Синофарм“ и „Синовак“. Вакцинираните ќе можат да влезат во Словенија седум дена по втората доза на „Фајзер“, 14 дена по втората доза на „Модерна“ или 14 дена по втората вакцина на „Спутник“, „Синофарм“ и „Синовак“. За „Астра зенека“ ќе биде доволно само една доза, примена 21 дена пред влезот во земјата и една доза на „Џонсон и Џонсон“ 14 дена пред влезот. Оние кои не се вакцинирани ќе треба да покажат негативен ПЦР тест не постар од 48 часа или позитивен ПЦР тест кој не смее да биде постар од шест месеци, со што ќе се докаже дека лицето ја прележало болеста и се стекнало со имунитет.
Во Хрватска граѓаните на трети земји ќе можат да влезат со негативен ПЦР тест или брз антиген тест, потврда за целосна вакцинација направена најмалку 14 дена пред пристигнувањето на границата или потврда не постара од 6 месеци со која се докажува дека лицето било болно од Ковид.
Слободно и без никакви услови може да се патува во Албанија, БиХ и Црна Гора каде за велигденските празници веќе пристигнаа туристи од Србија.
За Турција во моментов се бара негативен тест, но очекувањата се дека за летната сезона и тоа ќе биде укинато.
Негативен ПЦР или потврда за ревакцинација е потребна и за влез во Бугарија.