Градоначалникот на Центар, Саша Богановиќ денеска во Манастирот Успение на Пресвета Богородица во Грачаница се венчаше со Јелена Брауновиќ.
Богдановиќ прво беше облечен во костум, а учителката од ОУ „Киро Глигоров“ во бел невестински фустан со етно елементи – кус и долг елек кои се дел од црногорската женска народна носија. На крајот од свадбената церемонија и младоженецот облече традиционална српска народна носија, пренесува „Слободен печат“.
Пред неколку дена градоначалникот Богдановиќ најави дека со оглед на тоа што свадбените веселби во Македонија се забранети поради епидемијата од коронавирус, кога ќе има услови со Јелена ќе направат и свадба во Скопје за своите роднини и пријатели.
Повеќе фото и видеа на „Слободен печат“