Сестрата на Џорџ Мајкл, Мелан Панајоту почина на 65 години на католички Божиќ, на истиот ден кога и пред три години почина нејзиниот брат. Фризерката во средата ја пронашла мртва во нејзиниот стан во Лондон.
Џорџ и Мелани биле многу блиски, и таа патуваше со него на неговите турнеи. Сакаше на сите да им каже дека нејзиниот брат е многу горд што е хомосексуалец.
Мелани била пресреќна кога во ноември ја промовираше романтичната драма “Последни Божиќ“ со хитот на Џорџ Мајкл “Last Christmas“. Во драмата се пуштаа и останатите негови хитови.
“Моето семејство и јас се надеваме дека уживата во филмот и музиката на мојот брат. Тој го обожаваше Божиќ“, изјави тогаш Мелани која почина само два дена откако во името на целото семејство со соопштение се заблагодари на фановите на нејзиниот брат за целата нивна љубов.