На Инфективна клиника во Белград ноќеска избувнал пожар

by Тони Зографски

Нешто по полноќ пожар избувнал во кругот на Инфективната клиника во Белград.

 Како што јави РТС, едно лице загинало во пожарот што избувнал во зградата, додека друго поради чадот е пренесено во ВМА.

Во гаснењето на пожарот биле ангажирани повеќе противпожарни единици.

Засега не е позната причината за пожарот, повеќе информации се очекува во текот на денот.

останати вести