Неодамна на социјалните мрежи се појави фотографија од Џеј Ло во провокативен жолт фустан, кој ги истакнува сите нејзини атрибути.
Меѓутоа, иако фотографијата набрзо станала вирална, многу корисници на платформата „X“ забележале неколку проблеми со неа. Главна ставка биле нејзините колкови и гради, а доколку се погледне и малку подобро, дури и лицето не личело во целост на популарната пејачка.
Со пребарување на интернетот не можело да ѝ се влезе во траг на оваа фотографија, односно на кој настан настанала, што било уште едно „црвено знаме“.
Сепак, објаснувањето набрзо пристигнало, а тоа е дека станува збор за вештачка интелигенција, што всушност и лесно можете и самите да го забележите.
На речиси секој профил кој ја објавил споменатата фотографија, самата социјална мрежа „X“ додала неколку предупредувања за содржината:
„Ова е дигитално изменета слика од Џенифер Лопез направена со помош на вештачка интелигенција“.
„Ова е „AI“ слика. Не постојат резултати во пребарувањето на Гугл“.