По фотографиите кои папарацо фотографите успеале да ги направат на плажа, луѓето се изненадени.
Имено, на социјалните мрежи Џенифер Лопез изгледа совршено. Големи облини, извајано тело, затегнат задник, со еден збор – совршенство.
Сепак, папарацо фотографите се различни. Целосно различна слика од тоа што латино дивата пласира на социјалните мрежи. Целулит, мал вишок килограми, разни несовршености – се само дел од тоа што се гледа на фотографиите.
Џеј Ло ја „гази“ шестата деценија од животот, па и покрај некои несовршености нејзиното тело изгледа заводливо.
Секој има право да користи фотошоп и тоа е навистина работа на избор.
Меѓутоа, многу од жените се под стрес поради пласирањето на совршени тела по социјалните мрежи. Поголем дел од нив, себеси се споредуваат со ѕвездите кои направиле многубројни естетски корекции, а речиси секоја од тие ѕвезди користи фотошоп за да ги „разубави“ своите фотографии.
Не е тајна дека Џенифер Лопез многу тренира, се занимава со танц, има специфичен режим на исхрана, а сето тоа влијае на нејзината кондиција. Но, сепак се труди во јавноста да се пласира себеси во што подобро светло, па и тоа како користи фотошоп.
Да ве потсетиме дека Џеј Ло својот задник го обезбедила со вртоглави 27 милиони долари.