Мексиканката Ванеса Понсе де Леон (26)) е избрана за нова Мис на светот за 2018. Нејзе круната и ја предаде минатогодишната победничка, Индијката Мануша Чилар.
За прва придружничка беше избрана убавицата на Тајланд, а за втора, претставничката на Уганда.
Најубава претставничка од Европа е избране мисот на Белорусија.
Интересно е што на натпреварувањето кое се одржа во градот Сања во Кина, а на кое учествуваа 118 кандидатки, убавиците на Србија, Босна и Херцеговина и на Црна Гора играа ужичко оро.
Како и лани и оваа година Македонија немаше своја преставничка.
https://www.instagram.com/p/BrIzerqlQ8M/