Хрватска вчера бираше нови преставнивци во државниот парламент, а веќе на самиот старт на гласањето, во раните утрински часови, забележана е интересна сцена на гласањето.
Имено, еден од гласачите од Хрватска, незадоволен од понудените кандидати кои биле во трка за новото собрание, одлучил својата поддршка да му ја даде на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Како што дознаваат медиумите, во прашање бил Хрват кој неодамна бил во Србија, и од таму се земал пенкало со мотив на кампањата одржана во Србија “Александар Вучиќ – За нашите деца“, се со цел во својата земја јавно да стави на знаење кого подржува.
Инаку, хрватскиот парламент има 151 пратеник, а победата ја однесе владејачката партија Хрватска демократска заедница (ХДЗ) на актуелниот премиер Андреј Пленковиќ.