“НА ЗДРАВЈЕ НОВИ КЛАСТЕРИ“: Гужва во автобуси на почетокот на учебната година (ФОТО)

by Тони Зографски

Утрово на Фејсбук се појави фотографија од преполн  автобус со патници.

-Имам чувство како да започнала некоја операцијата под (на пр.) кодно име “ЗАРАЗИ ШТО ПОВЕЌЕ”.

Линија број 55 во 6:50 од Арачиново.
Учебната година ЗА ЖАЛ почна со намален број на автобуси на сите линии, односно по редуциран возен ред.

На здравје нови кластери и со успех на оние умоболните на кој им се потребни бројки и пари, а на сите други Господ да им е на помош, – коментира директорот на Здружението на приватни автобуси „Слободен превоз“ Ленин Јовановски.

Од ЈСП вчера информираа дека денеска ќе се зголеми бројот на автобуси, водено откако започна пандемијата претпријатието задолжи и редарски служби кои треба да го контролираат бројот на патници, дистанцата и носењето маски.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com