Перуанската полиција соопшти дека уапсила криминална група која на пациентите со коронавирус им наплатувала кревет од 21.000 долари во државна болница.
Во рацијата беа уапсени девет лица, вклучително и администраторите на болницата „Гиљермо Алемнара Иригојен“ во Лима, пишува „Ројтерс“.
Измамата е откриена откако братот на еден пациент поднел жалба до полицијата поради исплата на креветот и интензивна нега за 20.783 долари. Министерот за здравство Оскар Угарт пред новинарите изјави дека измамата ги оправдува моменталните последици и дека „не можеме да преговараме со животот на луѓето“.
Скандали за корупција за време на пандемијата се случија и претходно кога некои високи функционери примаа „ВИП“ вакцини по што министрите за здравство и за надворешни работи поднесоа оставки. Болницата вклучена во скандалот обезбедува бесплатна нега и има капацитет од 80 кревети за интензивна нега.