Сопругата на шефот на Истражниот комитет на Руската Федерација, Александар Бастрикин, уживала на луксузен одмор во Виена, пишува бугарски Факти.бг.
Откако доби фиктивен развод за да ги заобиколи санкциите, Олга Александровна можеше слободно да оди во главниот град на Австрија. Служнбениот повод беше учество на конференција, а вистинскиот – одмор со млад дечко на „Западот кој е во распаѓање“.
Како што информираат извори од руската амбасада во Австрија за каналот Гулагу.нет, сопругата на шефот на истражниот комитет и целата делегација практично не се ни појавиле на Конференцијата на која биле поканети. Биле во спа, пазареле во луксузни бутици, ресторани и уживале во други задоволства на државен трошок. Два дена, 18-19 април, вработените во дипломатската мисија им обезбедувале одмор на значајните гости исполнувајќи ги нивните хирови.
„Покрај тоа, Олга Ивановна донела со себе млад љубовник во Виена, како дел од делегацијата, се грижела за него како за бебе и контролирала никој да не го навреди „слаткото момче“, пренесуваат детали добро информирани извори.
Ваквите патувања на претставници на руските елити на Запад се шлаканица за целата политика на санкции што се води против терористичката држава, пишува Факти.бг. За оние кои се на власт во Русија, нема санкции, нема граници, не ги чувствуваат на своја кожа последиците од агресивната војна што Русија ја води против Украина. Ова ќе продолжи се додека на сите Руси, како тивки соучесници на нацистичкиот режим на Путин, не им биде забранет влезот во Европа, го пренесува порталот пишувањето на Бесарабски фронт.