Една од најпознатите водителки во поранешна Југославија, Сузана Манчиќ со тага се сеќава на тешката ситуација во која се наоѓаше откако во 2005 во јавноста излезе нејзината домашна секс снимка. На неа се гледа како водителката води љубов со поранешниот сопруг, што предизвика вистинска бура во јавноста.
Никогаш не се дозна кој ја објавил секс-снимката, а Сузана (64) сега за српските медиуми признава дека се разболела од силниот стрес. Таа вели дека во тоа време ѝ било исклучително тешко, со оглед на тоа што поради смртта на нејзината мајка, веќе била емоционално разнишана.
–Се чувствував како да ме обесиле гола среде Теразије. Поради смртта на мајка ми, јас веќе бев емотивно потресена, а моите две девојчиња беа во критичните години на пубертетот. Тие требаше да одат на училиште, а јас морав секој ден да излегувам на улица. Се чувствував засрамено и никогаш не ми било потешко во животот, а уште потешко ми беше, затоа што некои тврдеа дека самата јас сум го објавила видеото во јавноста – вели водителката и додава:
-Никој не ми помогна, освен неколку пријатели и децата. Во еден момент им реков никому да не кажуваат дека сум нивна мајка, а мојата Наталија ми рече: „Горда сум што си моја мајка“. Тоа се некои работи што ве воздигнуваат. Никогаш не знаете што ве чека во животот, но мора барем пред себе да бидете чисти. Од силниот стрес имав зголемен холестерол, добро поминав, можеше да биде и многу полошо – раскажува Манчиќ.
Инаку, во тоа време таа веќе пет години се забавувала со грчкиот банкар Симеон кој и е денес сопруг. Се запознале преку заеднички пријатели. Сузана од почеток не била сигурна за чувствата, но тој ја уверил дека е сериозен. Тој имал ќерка од првиот брак и му било јасно дека Сузана сака нејзините деца да трпат што помалку поради промените.