Во минатиот век бакнувањето на мажи било многу популарно, тие се бакнувале само во специјални моменети како што биле победа во војна или пак после некоја голема битка. Лидерите на СССР исто така биле познати по топлите прегратки и нежниот бакнеж. Па така бакнувањето на колегите или пак гостите било традиција во Кралството Русија што било знак дека некој ви е “симпатичен“ за бакнување.
Сталин ги бакнувал советските пилоти, а Хрушчов првиот човек во вселената – Јуриј Гагарин, пишуваат од “Дневни аваз“.
Но, најпознат по сочниот бакнеж во уста бил Леонид Брежњев, главниот секретар на советската комунистичка партија од 1964-та до 1982-та година.
По повод на тие бакнежи се правеле многу шеги. Таканаречениот Брежњев бакнеж станал популарен во светот: еден на левиот образ, еден на десниот образ и еден бакнеж усна на усна.
Некои од лидерите не биле среќни поради таквиот начин на подрав и барале начин да ескивираат. Така кубанскиот лидер Фидел Кастро одлучил по слетувањето на Москва да излезе од авионот со цигара во устата. А, Брежњев останал без можност да го покаже руското добредојде.
Романскиот лидер Николае Чаушеску кој пател од бактериофобија нашол начин да избега од бакнежот и притоа да не го навреди Брежњев.
Меѓутоа за еден бакнеж се зборувало со децении. Бакнежот на Тито и Брежњев бил толку многу силен што устата на Тито му прокрварела…