Љубовниот живот на Џастин Бибер е многу турбулентен. Сепак, љубовната врска што го обележа неговиот живот е таа со Селена Гомез.
Имено, само неколку дена по нивното раскинување тој се ожени со друга, додека таа заврши на психијатрија.
Двојката беше во долгогодишна врска, проследена со разни проблеми и падови, па дури и раскинувања. Раскинувањата секогаш резултираа со смирувања, поради фактот што се движат во истите кругови, па често се среќавале.
Поради сето тоа, оваа врска се сметаше за токсична. До конечно раскинување дојде во 2018 година, по што пејачката почна да се соочува со депресија. Призна дури и дека имала самоубиствени мисли.
Бибер призна дека бил егоист и дека не се однесувал добро со пејачката. Двојката неуспешно се обиде да ја обнови врската неколку месеца по раскинувањето. Набрзо потоа Бибер започна врска со Хејли и се венча со неа.
Оваа вест длабоко ја погоди Селена, која доживеа нервен слом, по што заврши на психијатрија во Лос Анџелес.
„Имав многу проблеми со депресија и анксиозност и не го кријам тоа. Но мислам дека никогаш нема да успеам комплетно да ги надминам тие состојби. Нема да дојде денот кога ќе си помислам ‘Еј, еве ме во убав фустан, победив’. Мислам дека целиот живот ќе ја водам таа битка, но тоа не ми пречи, бидејќи знам дека секогаш ќе се ставам себеси на прво место“, признала Селена.
Љубовта со Хејли
Двојката се венча во 2018 година, а малкумина веруваа дека ќе опстанат 5 години во брак, со оглед на тоа што за нив се зборува дека својата среќа ја градат врз туѓа несреќа. Веќе подолго време се пишува за нивниот неуспешен брак, а во прилог на тоа му оди и фактот што Хејли постојано изгледа несреќно покрај сопругот. Младата манекенка никогаш не се смее, а поради нејзиниот тажен израз, многумина мислат дека е несреќна. Многумина мислат дека ги стигнала кармата и дека сè уште не добиле деца, поради тоа што ѝ згрешиле на Селена.
Освен тоа, тие си имаат поставено бизарни правила што мораат да ги почитуваат. Токму тие правила, наводно, му помогнале на парот да опстане. Исто така, во едно од тие правила се крие и објаснувањето за немилосрдниот однос на Џастин кон Селена Гомез.