Вереничката на познатиот пејач Том Ман, Даниела почина ненадејно на денот на венчавката.
Ман потврди дека неговата вереничка Даниела, со која има син, починала во сон.
Таа имаше само 34 години и почина во утринските часови на денот кога требаше да се заколне на вечна љубов со пејачот.
-Не можам да верувам дека ова го пишувам. Мојата најдрага Дени, мојата најдобра пријателка почина во саботата, на 18 јуни, во раните утрински часови. Денот кој требаше да биде најсреќен во нашите животи се претвори во трагедија. Се чувствувам како расплакан океан – напиша Том.