Холивудската актерка Шерон Стоун денеска полни 61 година. На денот на нејзиниот реденден дел од светските портали и весници објавија разголени фотки од нејзе.
Инаку, за разлика од повеќето други холивудски ѕвезди, Шерон Стоун одлучи да старее на најприроден и најдостоинствен начин, без деформации на својот физички изглед со естетски операции и корекции. Својот денешен изглед го припишува на редовното вежбање и здравата исхрана, а откако пред две години се соблече за Harper’s Bazaar, многу жени беа љубоморни на нејзиниот изглед во 7-та деценија од животот, но истовремено беа и инспирирани од неа.
Атрактивната актерка досега во кариерата имала многу улоги поради кои била окарактеризирана како фатална жена. Покрај очигледниот сексапил и провокативните сцени во филмовите ,актерскиот талент на Шерон никогаш не бил спорен, поради што досега била номинирана и за Оскар и Златен глобус за филмот „Казино“
Никој не може да ја заборави славната сцена од филмот „Ниски страсти“ од 1992 година во која Шерон остана препознатлива по заводливото прекрстување на нозето кое влезе во историјата на кинематографијата.
Најголем дел од кариерата Шерон Стоун играла улоги кои секогаш предизвикувале голем интерес кај публиката и медиумите.
Фаталната русокоса никогаш немала проблем да се соблече пред камерата, но не и пред фотографите. Скоро секоја нејзина животна фаза ја одбележала некоја успешна насловна страница на која таа била скоро гола.
“ Ја оправдувам голотијата, ако тоа го бара ликот“, изјави во една прилика актерката.