На српскиот глумец Сергеј Трифуновиќ му се слошило во текот на изведбата на преставата “Потоепна душа“ во Белградското драмско позориште, јавуваат срските медиуми.
Како што пишува Блиц, преставата била прекината по 20 минути откако Трифуновиќ си заминал од сцената, а гледачите ја напуштиле салата. Наводно, Сергеј на преставата дошол со висока температура.
„Лошо ми е, во кревет сум. Ќе ве замолам да се слушнеме утре, “изјавил глумецот за Блиц.
Инаку, Сергеј Трифуновиќ пред неколку дена предизвика сообраќајна несреќа на автопатот Белград – Нови Сад, кога со своето возило „ауди Q2“, движејќи се во насока кон Нови Сад, удрил во друго возило со марка „фиат“, кое се движело пред него.