Најголемиот дански милијардер, сопственикот на АСОС , Андерс Холч Повлсен, изгуби три од четирите деца кои се убиени во терористички напади во Шри Ланка, пренесува „Дејли Мејл“. Фамилијата била во посета на оваа земја кога се случил терористичкиот напад.
Сведок на нападот изјавил дека видел Данкиња која ги изгубила трите деца во хотелот “Шангрила“ и која во паника трчала и викала: “ Молите се за мене, молите се за мене“
Инаку, Повлсен кој има 46 години е сопственик на меѓународниот ланец за облека Бестселер, кој ги содржи (Vero Moda i Jack&Jones). Тој е и најголем акционер на онлајн продавницата АСОС и втор најголем акционер на онлајн продавницата Заландо. Повлсен е и газда на 89 илјади хектари земјиште во Шкотска.
Според Форбс, во 2018 година Повлсен е најбогатиот данец кој е „тежок“ 7.9 милијарди долари.
https://www.instagram.com/p/BwXEi0yDpd1/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
Едната ќерка Алма Повлсен на својот профил на „Инстаграм“ објави фотографија со трите сестри, а трагедијата ја потврдија негови пријатели.