Поради наводен плагијат, песната на Ѓорѓе Балашевиќ “ Човек са месецом у очима“ е симната од Јутјуб каналот.
За наводна кражба него го пријавил извесен Емил Скендеровиќ, по што видеото веднаш било тргнато.
Изреволтирана од целата оваа ситуација ќерката на Ѓорѓе, Беба Балашевиќ напиша коментар:
“Доколку сакавте да ја слушнете на Јутјуб песната “ Човек са месецом у очима“ нема да можете бидејќи извесен Емил Скендеровиќ смета дако тој ги има правата на неа. Се сеќавам кога татко ми ја пишуваше песната, но неможам да се сетам дека извесен Емил Скендеровиќ беше во близина. Сигурна сум дека тој лик нема никаква врска со песната. Верувам дека Емил само посакува песната да биде негова па затоа ова го стори…“ напиша во дел од коментарот ќерка му на Ѓорѓе Балашевиќ.