Додека целиот свет ја чека конечната одлука на властите во Мелбурн дали на Новак Ѓоковиќ ќе му биде дозволен влез во земјава, голем број навивачи му даваат поддршка пред хотелот Парк.
Се одржа молебен за најдобриот српски тенисер, а најмасовниот собир досега го одбележаа гласни пораки со поддршка и песни. После тоа се обрати и Новак Ѓоковиќ.
На насобраните им се обрати со кратка порака на мобилниот телефон со помош на разглас.
– Мене срцето ми заигра. Се надевам дека и на вас. Црквата нека ви биде мирно место за наоѓање мир и слобода. Црквата нека ви биде водич. Најчистите емоции, а тоа е љубовта, ќе го спасат светот. Ви благодарам многу – изјави Новак Ѓоковиќ.
Novak #Djokovic se oglasio porukom iz hotela pic.twitter.com/k47b3A62fu
— Aleksandar Ilić (@aleks89ilic) January 9, 2022